Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП

од Aleksandar Todeski
302 прегледи

Вчера во 23.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(42) од Скопје пријавил дека околу 22.50 часот во автобус на ЈСП со бр.57 три лица физички го нападнале неговиот син и му одзеле пари.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за расчистување на случајот.