Малолетник прободел 18-годишник во обложувалница во Аеродром

од Nikola Popovski
376 прегледи

МВР соопшти дека завчера околу 23 часот добиле пријава дека 18-годишен скопјанец со иницијали Д.У. доживеал тешки повреди од напад со остар предмет, кој се случил во спортска обложувалница на подрачјето на Аеродром.

Според информациите на полицијата, на 18-годишникот му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

-По преземени мерки, се утврдило дека сторител на делото е 17-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава, велат од ресорното министерство.

Слични содржини