Малолетник силувал девојче во Струмица

од Nikola Popovski
344 прегледи

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

– На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во присуство на родител, бил повикан малолетник од струмичко село, кој се сомничи дека истиот ден извршил обљуба врз малолетничка од струмичко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување, стои во полицискиот билтен.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

Слични содржини