Малолетник со „ауди“ се забил во бетонска ограда

од Nikola Popovski
25 прегледи

МВР информира дека вчера околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с. Ропаљце кон с. Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Слични содржини