216
Малолетник украл возило и бегајќи удрил во друго возило, информираат од МВР.
На 16.04.2024 во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово.
Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.
-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од полицијата.