Иако голманската позиција до неодамна не беше меѓу приоритетите на Манчестер Јунајтед за летната селекција, постојаните грешки на Андре Онана и неговата замена Алтај Бајандир најверојатно ќе го принудат раководството да бара ново долгорочно решение за важната позиција. Островските медиуми тврдат дека клубот би можел да се сврти кон поранешниот голман на Арсенал, Арон Рамсдејл. Англичанецот најверојатно на лето ќе го напушти Саутемптон, откако „светците“ веќе и официјално испаднаа од Премиер лигата. За него е заинтересиран и Вест Хем.
Во исто време, Манчестер Јунајтед се надева дека ќе може да го продаде Онана во Саудиска Арабија за добра цена. Има интерес за него, но според „Сан“, самиот Онана не сака да ги напушти „црвените ѓаволи“, бидејќи е амбициозен да ги надмине проблемите и да им докаже на критичарите дека грешат.
Рубен Аморим го изостави Онана од составот на Манчестер Јунајтед за гостувањето во Њукасл по неговите киксови против Лион во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Но, и Алтај Бајандир не беше многу сигурен на „Сент Џејмс Парк“ и беше директно виновен за четвртиот гол во сопствениот гол.