Манчестер Јунајтед ќе го претвори „Олд Трафорд“ во „бар“

од desk2
26 прегледи

Славниот англиски фудбалски клуб Манчестер Јунајтед оваа сезона ги отвора вратите за навивачите за гледање на гостувачките мечеви на „Олд Трафорд“.

Новата програма која што ќе ги чини навивачите 29 евра по меч, ќе им овозможи на навивачите што не можат да купат билет за гостувачките натпревари да го следат „Јунајтед“ од сала во „Олд Трафорд“.

Атмосферата во салата ќе биде опуштена, како во паб. Ќе биде опремена со големи екрани на коишто ќе се прикажуваат мечевите, како и бар и топла храна.

Влезницата од 29 евра вклучува еден бесплатен пијалок како и порција храна.

Оние што имаат сезонски билети сега имаат можност да купат влезници за стадионските проекции на првите три гостувачки натпревари на сезоната – против Фулам, Манчестер Сити и Брентфорд.

Манчестер Јунајтед сезоната ќе ја отвори со натпревар на свој терен против Арсенал, а првото гостување ќе му биде во второто коло – против Фулам.

Слични содржини