Манчевски: Ќе го предадеме изворниот код на StopKorona! на независни експерти

од Vladimir Zorba
498 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на „Топ Тема“ на „Телма“ ТВ дека со новата апликација StopKorona! за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице, се гарантираат безбедност на личните податоци, нешто што предизвикува најголема грижа кај граѓаните.

– Се обидовме и успеавме во тоа да најдеме технолошко решение кое што ќе ја заврши работата што е потребна, односно ќе им го даде потребниот одговор на епидемиолозите со кого сме биле во контакт во последните 14 дена, а пред тоа да не е инвазивно, односно да нема допир со нашите лични податоци. Не се користи никаков податок и нема геолокација. Ни беа понудени голем број на решенија кои значат геолокација, односно следење на граѓаните, но ние се решивме за заштита на приватноста и личните податоци, што повторно сепак ќе ја заврши работата, вели Манчевски.

Компанијата која го разви решението го предала изворниот код, основата на апликацијата, на МИОА.

– Ние сме подготвени да го дадеме кодот на група на независни експерти кои што би имале пристап за да потврдат дека не се злоупотребуваат личните податоци на граѓаните и тоа ќе го понудиме на јавноста, додава Манчевски.

Слични содржини