Манчевски на местото на Рашковски – ќе биде нов генерален секретар на Владата

од Берта Китинска

Доскорашниот Министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски  е нов генерален секретар на Владата, тој ќе го смени досегашниот Деаги Рашковски, дознаваме од наши извори.

Манчевски по професија е електро инженер, топ изминатиов период раководеше со министерството за информатичко општество и администрација.Во новата лада на негово место доаѓа Јетон Шаќири од ДУИ.

Предходниот генерален беше дел од скандалот со наводното местење тендер.

секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот. Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“.

Антикорупциска отвори предмет за Драги Рашковски за да ја испита неговата инволвираност во тендерот на италијанската фирма Леонардо . Случајот се отвора по допрен глас откако веќе во јавноста излезе аудио снимка во која Рашковски наводно договара реализација на овој тендер.

 

Слични содржини