Манчевски најави електронски уписи на деца во градинките и училиштата

од Берта Китинска
399 прегледи

-Електронските рецепти веќе два месеци се издаваат дигитално, станува збор за систем каде пациентите по телефон се јавуваат на лекарот, а потоа граѓаните со лична карта  може да ги подигнат од аптеките. Матичните лекари не се оптоварени со потполнување на хартиени рецепти, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој напомена дека и по пандемијата електронското издавање ќе остане како систем за работа.

-И по пандемијата ќе остане овој систем на работа, ќе има електронско запишување на дете во градинка, електронско запишување на дете во училиште, префрлање на финансиски средства за новороденче, изјави Манчевски.