Манчевски: Политичка волја беше да ги отвориме целосно податоците за финансии

од Aleksandar Todeski
387 прегледи

Не секој од институциите можеше да ги види овие податоци за да направи анализа. До сега и нас ни беше многу тешко, сега и ние ќе можеме да видиме во ефикасноста. Видете ги сите анкети, прилично се лоши сите параметри освен дали се задоволни од услугите што ги добиле од администрацијата, за тоа речиси на сите анкети велат дека се задоволни, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски за алатката „Отворени финансии“ во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, кој додаде дека ако сакаме подобра услуга за граѓаните, ќе треба да има повеќе луѓе.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска – Стојковски рече дека откако е СДСМ на власт, државата ги има најголемите буџети во историјата.

„Добро е што може да се видат трошењата особено во последните две години, да видиме на пример Катица Јанева како ги трошела парите. Може да видиме дека се давале средства на луѓе вработени во други места, што според закон не е дозволено“, рече Стаменковска – Стојковски.

Министерот за информатичко општество и администрација додаде дека министрите први ги објавиле информациите за тоа што и како трошат.

„Ние се решивме, тоа беше политичка волја дека ќе ги отвори целосно податоците за финансии, но за тоа требаше време. Потребни беа законски измени, но и да се дизајнира целосно овој систем. Ние сме решиле самите, уште кога никој не зборувал за ова, да го објавиме. Не објавивме парцијално, решивме се да објавиме. Прво се отворивме ние, министрите, потоа се друго“, рече Манчевски.

Слични содржини