Во секоја владејачка позиција има различни опции ќе видиме што ќе се случува со мојата позицја, партијата ќе одлучи па владата ќе треба да заседава, изјави Дамјан Манчевски во Топ тема на Телма.
-Пратеничката функција е девалвирана но сите за тоа сме криви, со измените на деловнико оваа функција ќе се издигне . Она што сега го разговарам ми дава надеже дека во овој состав ќе имаме поголем ред. Денес ВМРО се обиде да спречи верификација на мандат на пратеник тоа ќе беше само едно кочење на работата на Собранието.
Во однос на носењето на законите тој додаде дека законите ќе се носат во редовна постапка.
-Во 2017 и 2020 едвај 70 проценти од законите беа осогласување. Во вашиот мандат одеа во скратен постапка и затоа имав проблем со демократијата. Ќе носиме закони во редовна постапка. Грешките од минатото ќе ги поправиме . Драматично ќе се намали процентот на носењето на закони во скратена постапка, вели Манчевски.