Мане избра бројка во Баерн, не можеше „десеттката“

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Новото засилување на Баерн , Сенегалецот Садио Мане одлучи кој број ќе го носи во клубот од Минхен.

Според официјалниот сајт на Баварците, 30-годишниот напаѓач ќе игра со бројот 17 на грбот. Последен пат овој број во баварскиот гигант беше носен од Жером Боатенг, а го носеа и поранешниот капитен Марк ван Бомел, Кристијан Зиге и Торстен Финк.

„Го избрав бројот 17 и сакам да славам голем успех со мојот тим со тој дрес. Сега со нетрпение ги очекувам подготовките за сезоната со моите нови соиграчи“, изјави Мане.

Сенегалецот носеше „десетка“ во Ливерпул, кој е во сопственост на Лерој Сане во Баерн.

Мане потпиша договор до летото 2025 година, а трансферот е вреден околу 40 милиони евра.

Слични содржини