Новата ѕвезда на Баерн (Минхен) Садио Мане постигна гол во дебито за Баварците, а по првиот натпревар за тимот веќе го подигна првиот трофеј. Избраниците на Јулијан Нагелсман го победија РБ Лајпциг со 5:3 и го освоија германскиот Суперкуп.
„Многу сум среќен што го постигнав својот прв гол за Баерн. Тоа е мој сон. Очекувам уште трофеи. Многу сум среќен што сум во овој голем клуб. Тоа е чест. Се радувам на иднината. Ние мора да бидеме уште подобри и тогаш ќе можеме да освоиме многу трофеи“, изјави Мане по неговото деби.
Нагелсман исто така беше задоволен од првиот меч на својот нов напаѓач: „Тој е скромен и цврсто стои на земја. Има неверојатни квалитети“.
Баерн ја започнува одбраната на титулата во Бундеслигата со гостувањето во Ајнтрахт во петок.