270
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане постигна целосен вербален договор со раководството на Баерн (Минхен) за негов трансфер на Алијанц Арената.
Според Фабрицио Романо, Сенегалецот ќе потпише договор на три години. Самиот играч веќе јасно му стави до знаење на Ливерпул дека сака да си замине. Сепак, „црвените“ се уште не се договориле со Баерн.
Досега две понуди од Баварците се одбиени. Се очекува и трета за која се вели дека вреди 35 милиони фунти. Ливерпул сака 42 милиони фунти (50 милиони евра).
Клубот од „Енфилд“ веќе донесе замена за Мане во лицето на Дарвин Нуњез, кој вчера и официјално беше претставен како играч на Ливерпул.
„Црвените“ ќе платат огромни 75 милиони евра за Уругваецот плус уште 25 милиони бонуси.