180
Садио Мане веќе е во Минхен каде ќе потпише со Баерн. Напаѓачот на Ливерпул попладнево пристигна со чартер лет од Мајорка.
Германскиот шампион на тимот од Мерсисајдс ќе им плати 32 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 41 милион доколку се активираат сите клаузули.
30-годишниот Мане помина шест сезони на „Енфилд“. Во нив одигра 269 натпревари во кои постигна 120 гола и освои шест трофеи – еднаш Лигата на шампионите, Премиер лигата, Лига купот, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, станувајќи миленик на публиката на „црвените“.
Тој има договор со Ливерпул на уште една година, но сега сакаше да си замине.
Африканецот знае германски од неговиот престој во Ред Бул (Салцбург) пред години.