Мане во Баерн, познати детали од „бомбастичниот“ трансфер

од Nikola Popovski
221 прегледи

Садио Мане ќе го напушти Ливерпул и ќе стане член на Баерн Минхен во трансфер вреден 41 милион евра (сега 32 милиони евра, плус девет во бонуси), пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Сенегалецот во Ливерпул пристигна во 2016 година од Саутемптон, а за „црвените“ на 269 натпревари постигна 120 гола.

Англискиот клуб ги одби првите две понуди на Баерн, првата беше 25 милиони евра плус пет милиони бонуси, а втората 30 милиони плус бонуси.

За шест години на „Енфилд“, Мане ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот и Лига купот.

Тој ќе потпише договор во Баерн до 2025 година. Ливерпул веќе најде замена за него, со доведувањето на Уругваецот Дарвин Нуњез од Бенфика.

Купувањето на Сенегалецот, доколку се исполнат сите бонуси, ќе биде трето по висина во историјата на Баварците.

Слични содржини