169
Речиси сигурниот нов напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане го издржа првиот дел од лекарските прегледи пред да го финализира трансферот од Ливерпул.
На излегувањето од болницата Бармхерциген Брудер, напаѓачот веќе беше во маичка на Баварците, давајќи автограми и се сликаше со навивачите.
Вториот дел од тестовите ќе бидат во медицинскиот центар на клубот, а презентацијата е закажана за утре (среда).
Шампионот на Бундеслигата на црвените ќе им плати 32 милиони евра, а други до 9 милиони се вклучени во договорот како бонуси.
Da ist er! #Mané #FCBayern @SPORT1 pic.twitter.com/PTdJH6vaoD
— Kerry Hau (@kerry_hau) June 21, 2022