414
Манекенката Кара Делавињ и актерката Ешли Бенсон се во врска повеќе од една година, а сега си честитаа Валентајн една на друга на Инстаграм. Двете на своите профили ја објавиле истата фотографија на која се бакнуваат.
Освен поради Валентајн, фотографијата ја објавиле и по повод кампањата #KissCancerGoodbye (Истерај го ракот со бакнеж).
https://www.instagram.com/p/B8jlAEiFe4g/?utm_source=ig_embed
„Валентајн е денот кога објавуваме фотографии со саканата личност, пријателите или милениците. И вие можете да ја подигнете свеста и помогнете да се обезбеди иднина во која повеќе луѓе ќе го победат ракот“, напишале во своите објави.