Маневски,Тарчуловски, Радникот користеле возила и обезбедување од МВР

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Покрај генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, на списокот партиски  функционери актуелни и поранешни кои користеле службени возила и полициско обезедување од МВР иако тоа не им следува по закон, се и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, бившиот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски -Радникот, како и Јохан Тарчуловски, дознава Телма. 

mvr_3-670x373

На списокот според неофицијални информации има над десеттина  лица – кои со одлуки на поранешните министри за внатрешни од редот на ВМРО-ДПМНЕ незаконски користеле привилегии да се возат во државни автомобили и да користат полициско обезбедување, иако за тоа немало законско покритие.

Дел од нив користеле и по неколку возила.

Од МВР не ги потврдуваат информациите на Телма. Злоупотребите, како што велат на возилата и службеното обезедување утре ќе ги објави министерот Оливер Спасовски, кој истрагата ја најави од собраниска говорница на седницата за пратенички прашања.

Текстот во целост прочитајте го тука