Дали сте знаеле дека многу од најчестите презимиња во европските земји всушност потекнуваат од имиња на одредени занимања? На Инстаграм страницата „Amazing maps“ неодамна беше објавена мапа која ги прикажува најчестите презимиња во различни држави врз основа на професии. Најинтересно е што во голем број земји се повторува истото презиме поврзано со професијата ковач.
Така, британското презиме „Смит“ (Smith), италијанското „Ферари“ (Ferrari), и слични во Португалија, Франција, Белгија, Хрватска, Словенија, па дури и во Русија и земјите од Централна и Источна Европа, се сите изведени од зборот за ковач. Во Босна и Херцеговина, пак, едно од најчестите презимиња е „Хоџиќ“, кое е дериват од зборот „хоџа“ – што значи имам или верски водач. Слична ситуација има и во Албанија и Косово.
Други честопати среќавани презимиња се поврзани со професијата мелничар. Овие имиња доминираат во Шпанија, Германија, Шведска, Норвешка, Украина и Швајцарија. Исто така, неколку земји имаат презимиња што потекнуваат од зборот „поп“ – што значи свештеник. Ова е карактеристично за Србија, Црна Гора, Романија, Грција, Бугарија и Македонија. Постојат и „изолирани“ примери како холандското презиме „Бакер“ (пекар) и австриското „Грубер“ (рудар), кои се посебни и уникатни за тие региони. Оваа анализа ни покажува како традицијата и професиите низ вековите оставиле силен печат врз имињата што денес ги носиме.
View this post on Instagram