МАПА: Во Скопје позитивни 164 случаи, најголемиот дел се од Центар, Кисела Вода и Карпош

од Берта Китинска
222 прегледи

Според последните податоци кои министерот за здравство Венко Филипче ги објави вчера, вкупната бројка на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 285 лица.

Од нив 164 се од Скопје, 47 од Дебар, од Куманово 24, 14 од Штип, 9 од Прилеп, Тетово и Велес по 6, Струга 5, Охрид 3, двајца во Кавадарци и по еден пациент во Крива Паланка, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Битола.

Од Инфективната клиника вчера беа испишани 9 пациенти, 8 од Дебар и еден од Скопје. Во следните денови се очекува и други пациенти кои по истиот систем на двојно тестирање да бидат испратени дома.

Од 26-те нови регистрирани случаи, од Дебар е 1, од Скопје -19, од Куманово – 3, од Прилеп – 1, од Тетово – 1 и од Крива Паланка – 1.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 47 пациенти, од кои тројца се на респиратори, а на кислородна поддршка се дополнителни девет.

Според дневната мапата на Институт за јавно здравје на ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош 32, потоа следат Кисела Вода и Центар со 25 и Гази Баба со 23 позитивни лица на коронавирусот.

Слични содржини