МАПА: Во Скопје позитивни на коронавирусот 143 лица, најголемиот дел се од Карпош

од Берта Китинска
600 прегледи

Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.

Според најновата дневна мапа на Институтот за јавно здравје во Карпош , Чаир и Центар има по еден позитивен  пациент,  три нови лица се од  Кисела Вода и двајца од Гази Баба.

Во моментов според мапата во Карпош сега има 29 пациенти, 23 од Кисела Вода, 22 од Гази Баба, 21 оц Центар, 11 од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 4 од Чаир, едно лице од Илинден и еден странец. Има и 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје.

Вчера почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

 

Слични содржини