Мапа за Скопје: Овие три скопски општини имаат најголем број на заболени од коронавирусот

од Берта Китинска
939 прегледи

Во изминатите 24 часа починала една 65-годишна жена, а регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице. Вкупниот број тестирања досега извршени во земјава се 3.775.

На Клиниката за инфективни болести заклучно со вчера, примени биле девет нови заболени од коронавирус, со што вкупниот број хоспитализирани е 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација. Со ова капацитетите на Инфективна се исполнети со 50 проценти.

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (34).

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 79 (22,3%), а највисока специфична инциденца е регистрирана во ворасната група од 30-39 години – 14,5/100.000 (Графикон 1).

Слични содржини