Помалата ќерка на Диего Марадона, Џанина откри искуства околу зависноста од наркотици на
нејзиниот познат татко. 29-годишната поранешна сопруга на Серхио Агуеро гостуваше на
аргентинската телевизија. Актерката рече дека нема контакт со нејзиниот татко и нема да дозволи
да се врати во нејзиниот живот.

„Кога бевме мали, сестра ми Далма влезе во бањата дома и го начека татко ни како зема дрога“,
објави Џанина Марадона.
Таа се потсети и на својот 15-ти роденден, кога го молела болничкиот персонал да ја пушти кај
Диего, кој во овој момент добивал терапија поради зависноста кон дрогата. Легендарниот
фудбалер постојано признава дека меѓу 1980 и 2004 година бил зависен од кокаин.
„Тие не ми дозволија да го видам. Да го оставам таму беше страшно. Тој остана и ние заминавме“,
призна Џанина.
Таа, исто така, ракажа за друг интересен случај со нејзиниот татко и со престојот во клиниката. Во
тоа време тој бил интимен со неговата тогашна девојка Вероника Охеда.
„Татко ми се разбуди во болница, а во собата беше Вероника. Наместо тоа, тој побара да биде
повикана мојата мајка Клаудија“, додаде помладата ќерка на Марадона.
Џанина има син Бенхамин од бракот со напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро, но не контактира
со својот татко. Заедно со мајка си, Клаудија Вињафане и сестра и Далма биле блиски со Диего
Марадона долго време по разводот, но во последните години односите им се прекинати.
„Имам нешто што никогаш нема да му простам на татко ми, но ќе го задржам за себе. Сакам да го
заштитам мојот син и мојата внука“, призна Џанина.
Диего Марадона, кој во моментов е тренер на второлигашот Дорадос де Синалоа, ја пропушти
свадбата на поголемата ќерка Далма минатата година. Се тврди дека настанал семеен скандал,
откако таа одбила да ја покани тогашната негова девојка Росио Оливија.
„Јас сонувам за тоа општеството да нè остави на мира. Татко ми може да биде среќен, со изборите
што ги прави. Нека ја остави мајка ми, исто така, да биде среќна. Тешко е да се гледа како мајка ми
страда. Тој исто така страда, тоа е очигледно“, заклучи Џанина Марадона.