Maраја Кери организира женска вечер со Наоми, Памела и Кејт Мос

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Пејачката Мараја Кери го прославува крајот на турнејата со нејзините блиски пријатели, Наоми Кембел, Памела Андерсон и Кејт Мос, објави Билборд.

Кери објави фотографија со нив на нејзината страница на Инстаграм. Рамката беше придружена со натпис: “Женска вечер”.

Памела Андерсон, исто така, одлучи да коментира за фотографијата и додаде: “Те сакам”.

Турнејата на Мараја Кери започна во февруари во САД. Нејзиниот европски дел заврши во четвртокот во Амстердам.

Минатата недела таа пееше и во Барселона и во Бордо, како и во Даблин, Лондон, Париз, Хамбург и данскиот град Алборг.

Во јули и август, се очекува Мараја Кери да има уште неколку музички изведби и да пее на фестивали во Квебек, Фиренца и Курасао.

https://www.instagram.com/p/Byu8jnfgkn6/?utm_source=ig_embed