
Мараја Кери изгледа неверојатно, изјавија фановите по објавувањето на една од нејзините најнови фотографии, кои беа поставени на Instagram.
Пејачката е во црн фустан и веќе се чувствува добро по респираторната инфекција која ја извади од шини и за неколку недели ја го одложи нејзината турнеја.
„Се чувствувам добро и се враќам на работа. Немам трпение да ве видам на концертот World AIDS Day 2017 и потоа да се вклучам на новогодишната или божиќната турнеја All I Want for Christmas Is You Tour “, напиша до селфито ѕвездата.
Претходно оваа недела извор откри за E! online дека Кери симнала над 11 килограми, но тоа го направила откако ставила гастрален прстен за да си го ограничи внесувањето храна. Кери презеде итни мерки за да ја исправи нејзината тежина, откако „се чувствуваше многу неизвесно околу нејзината телесна форма“.
„Таа се чувствуваше многу вознемирена. Стилистите ги пресекоа етикетите од нејзината облека, па таа не ја гледаше својата големината “, рече нејзиниот тим.
Сега таа е многу задоволна од резултатот и беше желна да ја покаже својата секси форми на светот. Пејачката ја започна својата празнична турнеја на 2 декември.