Со почетокот на ноември службено почна предновогодишната сезона, барем така вели Мараја Кери во урнебесното видео со кое се пошегува на своја сметка.
Имено во краткото видео објавено на Твитер, 49годишната пејачка заспива во костим на рок ѕвезда од 80те за да со отчукување на часовникот на полноќ, на смарт телефон и со звуците од нејзиниот божиќен хит „All I want for Christmas is You“ одговори на повик од Дедо Мраз, облечена во божиќни пижами и радосно го најави почетокот на празничната сезона.
Видетото стана вирален хит на Твитер и преку ноќ собра над 350.000 лајкови.
Breaking news ❄️ pic.twitter.com/PBwOYLRpJK
— Mariah Carey (@MariahCarey) November 1, 2019
Класичната божиќна балада на Мараја Кери е една од ретките модерни песни која сè уште се слуша и по 25 години, откако беше објавена на 29ти октомври 1994. За да го обележи малиот јубилеј, Мараја Кери претходно објави и 15 секундно видео со исечоци од нејзини снимки на кои се санка по снег, додека се слуша песната.
Инаку во меѓувреме не престанува да расте популарноста на песната. Минатиот декември таа се најде на трето место од Билборд Хот 100 листата, која ја направи прва празнична песна во 60 години која успеала да се најде на листата пет најдобри синглови.
Во празничната сезона американската поп икона планира да има пет настапи во Лас Вегас, а потоа планира турнеја по Америка, заклучно со големиот концерт на 15 декември во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден.