Двократниот олимписки шампион Енди Мареј изјави дека речиси сигурно нема да игра сингл на тенискиот турнир во Париз 2024 година поради болки во грбот. Британецот ќе даде приоритет на машките двојки со тимскиот колега Ден Еванс.
Мареј мора да донесе конечна одлука во наредните часови бидејќи ждрепката за турнирот во сингл е подоцна денеска.
„Наскоро треба да одлучам, но попрво ќе се откажам. Јас и Дан веќе се договоривме да играме двојки и ќе му дадам приоритет на овој турнир. Тренираме заедно и ќе играме двојки. Мислам дека со него и даваме најголема шанса за Велика Британија да стигне до медал“, рече тој, цитиран од агенцијата Ројтерс.
„Моите болки во грбот сè уште не се целосно исчезнати и не можам да замислам да играм два натпревари на ден. Нема да бидам во добра форма ниту за ниту еден од нив“.