Мареј успешен на стартот на Мастерсот во Лондон

од Vladimir Zorba
115 прегледи

 

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј со победа го започна настапот на Мастерсот во Лондон. Британецот синоќа беше подобар од хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 2-0.marej

Во првиот сет Мареј на противникот му пропушти само три гема (6:3), а во вториот беше уште поубедлив и го доби со 6:2.

Претходно, во првиот дуел од А групата, Кеи Нишикори (Јапонија) го совлада Стан Вавринка (Швајцарија) исто така со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.

За денес на програмата се закажани мечевите од 2.коло во Б групата. Двојките се:

15 часот: Гаел Монфилс (Франција) – Доминик Тием (Австрија) и
21 часот: Новак Ѓоковиќ (Србија) – Милош Раониќ (Канада).