Sвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез се разведе од Рита Џехал, за подоцна да се вери со Тејлор Ворд. И повторно, тој се справува подеднакво добро на и надвор од теренот.
Неговата поранешна сопруга, пејачка и модел, го обвини во интервју дадено за таблоидот „Сан“ дека се променил кога потпишал договор за Манчестер Сити „тежок“ 186.000 фунти неделно.
– Го сакав, сакав да се омажам за него. Ја сменив верата, престанав да пијам алкохол затоа што тој не пиеше. Ги ценев неговите вредности и сакав хармоничен семеен живот, но љубезниот, скромен и грижлив Ријад исчезна. Престана да ме прашува како ми помина денот и што ќе правам. Станав здодевна жена која останува дома, а тој имаше блескав начин на живот далеку од мене. Почна да ме игнорира – рекла Рита.
Инаку, новата избраничка на Марез има врска со фудбалот и фудбалерите. Прво, нејзин татко е Ешли Ворд, кој своевремено играше за Сити и ја заврши кариерата во Шефилд Јунајтед. Тејлор беше во врска со соиграчот на Марез во тоа време, Серхио Агуеро…
Тоа е нејзино минато, а сегашноста се вика Ријад Марез.