ПСЖ подготвува понуда за Марез

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен има интерес за крилото на Манчестер Сити, Ријад Марез. На „Паркот на принцовите“ Алжирецот го гледаат како добра опција да го замени Анхел ди Марија, кој заминува на лето и се подготвени да дадат понуда за него, пренесe „Спортмедиасет“.

31-годишниот Марез има силна сезона за Манчестер Сити со 23 гола и 9 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, неговиот договор истекува за една година и на „Етихад“ се подготвени да слушнат понуди за него на лето. Се проценува дека клубот е подготвен да се раздели со него за 40 милиони евра.

Пари Сен Жермен е подготвен да ја искористи оваа ситуација и да се обиде да го земе Марез во својот тим. Алжирецот е посакуван и од други клубови во Европа, но Парижаните важат за фаворит за неговиот потпис, бидејќи имаат најсериозни финансиски средства и нема да имаат проблем да ги задоволат високите финансиски барања на играчот.

Во моментов на „Етихад“ добива 6 милиони евра по сезона.

Слични содржини