Маричиќ: ЕК со нова помош за Северна Македонија до 100 милиони евра

од Radmila Tasevska

Денес Европската комисија предлага да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, со што уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, на својот фејсбук-профил објави:

– Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи. Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата: „Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денес предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години, стои во објавата на Маричиќ на Фејсбук.

Слични содржини