Маричиќ: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Села, а сега се во коалиција

од Берта Китинска

Целта е да се уплашат граѓаните, да се поделат преку закани кои уште по првиот круг се упатуваат. Наследството на ВМРО-ДПМНЕ и во Скопје и во другите општини е барок, загадување и корупција. Граѓаните сигурно ќе се обединат околу прогресивната агенда и на 31 октомври ќе ги победат барокот, корупцијата и загадувањето, рече Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија.

Изминатите денови сите сме сведоци на досега невидени повици на пресметка и линч со неистомислениците, кои доаѓаат од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дополни тој

Според Секретарот за меѓународна соработка ова е доказ дека е потребно обединување на сите прогресивни граѓани со цел да се обезбеди стабилен развој и напредок.

-Си играат со чувствата на луѓто за да собираат политички поени бидејќи немаат чувство на одговорност кога ја изгубија власта шест месеци држеа тензија во парламентот па предизвикаа крвав инцидент на 27 Април. Нашите активисти не се тепаат, активистите на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Зијадин Села и дел од нив се веќе во затвор, а дел од нив протестираа низ Скопје за  нивно ослободување нарекувајќи ги уставоибранители, ако тоа не е демагогија и лицемерие, рече Маричиќ.

Тој посочи дека  Милошовски ја  направил својата политичка кариера од шатор пред собрание протестирајќи да нема албански паралелки.

-Го паметиме и кога промовираше лаги за тиранска платформа, а од другата страна пак од Алијанса јавно изјавуваа за некакви невести на Груевски и Мијалков  непријатно е да се биде во ваква коалиција и тоа не е принцип, тоа е чист интерес и борба за власт, дополни Маричиќ.

Слични содржини