294
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд, Фаик Арслани.
На средбата се дискутираше околу спроведувањето на реформите и состојбите во правосудството, како и воедначување и подобрување на судската пракса.
Министерот за правда истакнал дека очекува активно учество на Врховниот суд на Република Македонија како највисока судска инстанца во државата и нејзино вклучување во реформите во правосудството.