Маричиќ: Граѓаните да бидат сигурни – македонскиот јазик и идентитет се заштитени

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денес појасни до граѓаните, дека „во овој процес битката не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот“.

-Ние имавме за цел ЕУ да се постави принципиелно кон нашиот јазик и идентитет, како кон сите други држави-членки. Со Преспанскиот договор го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој, го впишавме македонскиот јазик како наш официјален јазик во личната карта на ОН. Од почетната позиција на Бугарија, ние сме денес во ситуација во која што во текстот на рамката имаме чиста формулација за македонскиот јазик и сите останати земји-членки го прифаќаат. Среќни сме што ставот на Бугарија не е наметнат став на ЕУ во документите на ЕУ и понатаму во преговорите, информира Маричиќ.

-Треба сите граѓани да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет се заштитени, дека нема услови под кои би прифатиле нешто друго и дека отпочнување на овој процес во овие услови ќе овозможи унапредување на нашата позиција и отворање на врата која беше затворена 17 години, додаде Маричиќ.

Слични содржини