„Во однос на ФФМ, таму јасно е прашањето. Тоа е спортска федерација, основата согласно Законот за здруженија и во тоа смисла не е јавен орган или институција или организација формирана во посебен закон и финансирана од државата“, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ, за емисијата „Само вистина“ по последните поплаки од грчките власти по повод името ФФМ на дресот на нашите фудбалери на Европското првенство.
Сшоред него, државата нема можност да наметне во таа смисла и треба да се следат меѓународните стандарди и ова прашање е за ФФМ, како таа би постапила.
„Преспанскиот договор е јасен за кодот МК и МКД. Нашето име е Република Северна Македонија, меѓутоа недвосмислено имаме право да ги користиме кодовите. Сигурно УЕФА немала да ни дозволи да ги користиме. Нашите позиции се во согласнот со Преспанскиот договор“, потенцира Маричиќ, нагласувајќи дека ова што го прават Грците во моментов е заради нивната домашна јавност.
„Приватните телевизии имаат право да го користат терминот Македонија“, повтори министерот.