Маричиќ: Ковачевски покажа способност да спои различни групи на луѓе во врвот на СДСМ

од Берта Китинска
250 прегледи

Дали ќе бидам дел од новата влада ќе каже новиот мандатар. Јас сум на располагање и сум подготвен.Би презел било каква должност која ќе ми се понуди во новиот концепт на мандатарот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во Утрински Брифинг.

Во врска со новото раководство, Маричиќ вели дека Ковачевски успеал да спои различни групи на луѓе.

-Секое време носи нов тим и раководство.Ова е една убава можност за освежување на врвот на СДСМ, има луѓе кои се докажани во својата професија една мешавина на нови кадри, Ковачевски
покажа способност да ги спои различните групи, луѓе и да ги спои во овој врв јас сум убеден оптимист дека ќе има успех, вели Маричиќ.