Маричиќ: Македонија нема да се откаже од европскиот пат, иако постои разочарување поради блокирањето на преговорите

од Nikola Popovski
294 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел  одржа брифинг со ЕПЦ (Центарот за европска политика), каде го повтори ставот на Владата дека постои разочарување поради повторното блокирање на почетокот на преговорите со Северна Македонија, но и дека земјата нема да се откаже од европскиот пат.

 

Според министерот за правда проблемот со Бугарија може да се реши само преку заемно почитување и со европско однесување. Доколку се има искрен пристап и однос кој не е потценувачки за никого, договор и одблокирање на процесот е можен.

 

Маричиќ на ЕПЦ информираше и за длабоките реформи кои се спроведуваат со цел враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.

 

На брифингот Маричиќ говореше и за претстојниот попис и за неговото огромно значење за државата. Министерот кажа дека првата фаза од попишувањето заврши успешно и дека за неколку денови, односно од први април ќе почне и успешно ќе се спроведе главната фаза на статистичката операција.

 

Тој кажа дека Северна Македонија немала попис веќе 20 години, а таа состојба повеќе е неиздржлива. Маричиќ информираше дека државата ќе го заврши пописот.

Слични содржини