Маричиќ: Очекувам измените на Законот за попис да бидат испратени денеска

од Берта Китинска
175 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ денекса истакна дека измените во законот за попис се мали и тие би требало да бидат усвоени без поголеми одолговлекувања.

-Во законот нема суштински промени и ќе биде поднесен со европско знаме.Таа измена се сведува на две работи, тоа е датумот на пописот и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна до 30 септември кога треба да заврши теренскиот дел на пописот. Очекувам измените да бидат испратени денеска, а да бидат усвоени од пратениците најдоцна до утре. Има доволно време и со оглед дека нема суштински измени, да биде брзо усвоен од Собранието“, рече Маричиќ.

Слични содржини