Маричиќ: Имале и други влади шанса, под многу подобри услови да ги решат овие прашања, за да денес не мораме да бидеме во оваа ситуација

од Nikola Popovski

Жалосно е што дозволивме под влијание на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, нашето прашање за почнување на преговори со ЕУ, да биде прашање на битка меѓу нас и Бугарија и некаква тензична атмосфера меѓу двете земји. Како битката е кој да победи. Се злоупотреби целата ситуација. Суштината на целиот процес е дека ни се отвора вратата која што 17 години беше затворена. Притоа инсистиравме да ни бидат гарантирани јазикот, идентитетот и историските прашања нема да бидат услови за отворање и затворање на поглавјата, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за тензичната атмосфера во и надвор Собранието поради седницата за францускиот предлог.

Според него, нашата главна прослава треба да биде дека после 17 години чекање, влегуваме во фаза на преговори со ЕУ.

-Имале и други влади шанса, под многу подобри услови да се решат овие прашања, за да денес не мораме да бидеме во оваа ситуација. Ова е компромис кој што ние го правиме заради нас, а не поради Бугарија или некој друг. Компромисот е едноставен – гаранција на македонскиот јазик и идентитет и почнување на преговорите од една страна и внесување на Бугарите во Уставот пред Втората меѓувладина конференција од другата страна. Тоа е компромисот. Секој граѓанин и пратеник треба да ги погледне документите и нека најдат една точка во овој документ кој го негира нашиот јазик, кој ни наметнува некаква асимилација и кој што ни го оспорува правото да се наречеме Македонци, кажа Маричиќ во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини