Маричиќ по обвинувањата: Сите пари се потрошени за делегации и службени потреби

од Nikola Popovski

Сите средби се покриени. Ако доволно сте истражувале ќе знаете дека тоа не се пиени во Концепт кафе, туку дека бифето во Министерството за правда го менаџира Концепт кафе. Тоа значи дека сите делегации и гости што доаѓале во Министерството за правда, пиеле кафе и вода во тоа бифе. Ако денеска имам 10 средби со 3-4 луѓе, каде и да отидете ќе ве понудат со кафе и вода. Знам дека ова е интересно да се разговара, но нема ништо ексклузивно во тоа што сме го правеле, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ како одговор на новинарско прашање, откако претходно беше објавено низ медиумите дека плаќал со службената картичка за ручеци, но и на фактури од угостителски објекти кои стигнувале во Министерството за правда.

Според Маричиќ, „ако очекувате секој функционер од џеб ќе плаќа по 50 кафиња дневно…“

-Плаќам и јас кога одам надвор од работа, но службено во која институција и да отидете… Сите трошоци на репрезентација се скратени за 50% и максимално и рационално се трошат. Кога имаме странска делегација, јас не знам кој очекувате, тоа е државна работа. Кога имаме министри за надворешни работи од надвор, секако дека тоа ќе се плати. Сите пари се потрошени за делегации и службени потреби. Сите извештаи ќе ги добиете, им порача Маричиќ на новинарите.

Слични содржини