Маричиќ: Постојат шанси преговорите да започнат оваа година

од Берта Китинска
164 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ  во емисијата на Телма изјави дека не треба да се откажуваме од идејата за преговорите дека ќе започнат оваа година.

-Не треба да се откажуваме идејата за да се започнат преговорите оваа година, искрено мислам дека постојат шанси за тоа, преговорите се во доменот на вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни работи Османи.Она што јас можам да го кажам дека нашите реформи во доменот на правосудството пред се ги правиме за дома тие треба да бидат верификувани од страна на Европската Унија тие и се следени од нив и мислам дека поглавјето 23 е актуелно и без да започнат преговори, а кога ќе започнат тогаш ќе биде на врвот на Агендата, вели Маричиќ.