Маричиќ : „Таргет-Тврдина“ е мајка на сите случаи на СЈО

од Берта Китинска
409 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ Сител, рече дека денеска е голем ден за правната држава и за владеењето на правото. Тој посочи дека Владата создаде законски услови и политичка клима судот да одлучува слободно и врз основа на докази.

-„Таргет-Тврдина“ е мајка на сите случаи на СЈО, но треба да се потсетиме како почна оваа приказна. Пред шест години беа објавени прислушуваните разговори, па следуваа политичката криза, Шарената револуција, создавањето на СЈО, истакна Маричиќ, додавајќи дека патот за разрешувањето на случаите се отворил уште со носењето на законите во 2019 година.

Според него, Јавното обвинителство треба да и соопшти на јавноста каде потфрлил системот во врска со „бегството“ на Мијалков. Маричиќ, лично, како што рече, не чувствува одговорност.

-Слушнав дека Јовевски наредил отворање истрага за случајот бегство на Мијалков, назначил јавен обвинител кој треба да ги испита сите околности. Мислам дека редот е Јавното обвинителство со сите свои сили, инструменти и достапни информации да креира слика и да и ја соопшти на јавноста. Министерот Спасовски претпоставуваме знае како оделе работите во оперативниот дел на МВР, но ако го тераме институционално, местото е ЈО и добро е тоа да си ја заврши оваа работа заради јавноста, но и заради системот, за да утврдиме каде се слабостите и за да не ни се повторуваат ваквите ситуации, нагласи Маричиќ.

Слични содржини