Маричиќ: Трезвено и одговорно продолжуваме се додека не се најде соодветно решение со Бугарија

од Берта Китинска

Ние имавме во преговорите со ЕУ застој од 10 години со Грција и не се откажавме за патот кон ЕУ, вели претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во „Топ Тема“.

-Јас не велам дека треба да чекаме толку напротив, туку на сите им е јасно дека времето не работи во интерес на државите од Западен Балкан, С.Македонија па и на Бугарија на крајот на краиштата особено во оваа ситуација кога има војна во Украина и кога сите држави се определни за едно повисоко ниво за стратешко размислување, вели Маричиќ.

Тој потенцираше дека новата влада има воспоставено нов начин на комуникација со Бугарија преку работните групи кои даваат резултат.

-Ние не бегавме и од политичките прашања и имаме основа за фер решение, кажа тој.

Маричиќ напоменува дека соработката на економски план за 4 месеци не може да даде резултат поради радикалниот пресврт со војната во Украина и економската криза.

Тој вели дека владата не се врзувала за датум за отворање на преговорите појаснувајќи дека тоа е укажувано од страна на ЕУ.

-Секогаш сме постапувале добронамерно , но не по секоја цена и не по цена на нарушување на нашите интереси, вели претседателот на Владата задолжен за европски прашања, додавајќи:

„Ние не билдаме оптимизам, но не е наше да билдаме и песимизам, ние трезвено и одговорно продолжуваме се додека не се најде соодветно решение“.

Слични содржини