Маричиќ: Внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се случи веднаш

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот на треба да се случи веднаш.

-Мислам дека треба да се гледаат сите проблеми во пакет, не можеме еден по еден. Содржински тоа и премиерот го кажа дека ние немаме проблеми. Нашиот Устав е таков и допушта да се наведат повеќе етнички заедници. Треба да се утврди во процесот во која точка и на кој начин би се случило. Не може да се случи веднаш, ниту треба. Ние кажавме тоа може да се случи непосредно пред нашето членство во ЕУ. Бугарскиот претседател Радев кажа дека тоа сакаат да биде пред нашите прегоовори со ЕУ. Бидејќи тоа е предмет на преговорите, не би одел подетално, но треба да се најде компромис во тие рамки, рече Маричиќ во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини