Маричиќ: Во ова време на предизвици потребна ни е верба, истрајност и заедништво

од Vladimir Zorba

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на сите верници од исламска вероисповед им го честиташе празникот Курбан Бајрам, со порака за посветеност на вистинските безвременски вредности и силно убедување дека со верба, истрајност и заедништво ќе останеме цврсто на патот на кој обезбедува сигурна иднина.

„Денеска нашите сограѓани од исламска вероисповед го чествуваат Курбан Бајрам, празникот кој потсетува за важноста на посветеноста за исполнување на целта, одлучноста и силата на убедувањето.

Во ова време на искушенија и предизвици треба да имаме вера, убедување, решителност, храброст и посветеност на вистинските безвременски вредности, но и да бидеме сигурни дека со верба, истрајност и заедништво ќе останеме цврсто на патот на кој ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина за нашите идни генерации, на која сите ќе бидеме горди.

Искрени честитки по повод Курбан Бајрам со желба за добро здравје, благосостојба, напредок, среќа во семејството и ви посакувам Бајрамските празнични денови да ги прославите во духот на традицијата и обичаите, споделувајќи радост со вашите најблиски, пријатели и соседи. За многу години!”, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини