„Нема многу до летната пауза на Собранието, односно до први август, но до тогаш очекувам да влезат во собраниска процедурат измените на Изборниот законик. Сите решенија во него се компромисен предлог, а во која форма ќе биде усвоен законот, тоа зависи од волјата на пратениците“, изјави попладнево министерот за правда, Бојан Маричиќ пред новинарите.
Тој информира дека изборниот модел за отворени листи е усвоен и компромисот е да има отворени листи со една преференција на еден советник, однос покрај заокружувањето на партијата, коалицијата или листата, граѓанинот да може да заокружи и реден број пред името на советникот.
„Оние советници што ќе добијат повеќе од 3% гласови од запишаните гласачи во општината, би влегле први, а останатите освоени места на партијата или листата ќе бидат пополнети со редоследот според редоследот на предложените кандидатски листи. Ако некој граѓанин заокружи повеќе од една преференција, тогаш гласот ќе се смета само за партијата. Суштината е покрај за партијата, граѓаните да гласаат и за личности“, вели Маричиќ.