Маричиќ за пописот: Ќе се добие точна бројка на иселени од земјава и во кои држави се

од Nikola Popovski

„Ќе се попишуваат три категории на граѓани. Првата, вкупното население, каде спаѓаат резидентно и нерезидентно население, потоа резидентно население и неразидентно население. Мислам дека е сосема валидно, држава која со години иселувањето на населението го декларира како проблем, да знае точна бројка на иселени лица“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5 ТВ.

Тој потенцира дека пописот ќе го спроведуваат стручни лица од Заводот за статистика и дека сосема е валидно да се добие и бројка на иселени од државата.

„Да видиме во кои држави се иселените, да видиме кој е трендот на иселување во определени градови и средини, кои се причините и што може да се промени“, истакна министерот.

На прашањето за ставот на ВМРО -ДПМНЕ дека нема да го признае пописот , Маричиќ вели дека имало време за разумни предлози од опозицијата, неразумно е што го политизира пописот и дека пописот не се базира на било каков коалициски договор.

Слични содржини