Маричиќ: Заев има реална проценка пред утрешната посета на Софија, има поместување во разговорите

од Nikola Popovski
240 прегледи

„Правиме големи напори во дијалогот. Премиерот има реална проценка“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ пред утрешната работна посета на премиерот Зоран Заев на Софија со цел, како што најавуваат од Владата, интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција земјата.

Според Маричиќ, има поместување во разговорите.

„Она што е различно од претходно е што има интезивна комуникација меѓу Скопје и Софија. Бугарија сфати дека ова е сериозно прашање, дека овде се работи за тестот на европската политика, а не само за билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија“, вели Маричиќ за „Утрински брифинг“.

Премиерот заедно со Османи и Димитров утре ќе оствари работни средби со бугарскиот претседател Радев, со бугарскиот премиер Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Вугарија.

Слични содржини